Забава // Занимливости
Ќе го паметиме по „Еден бакнеж“: Дуото Дац & Александар и Перо Христов се простија од Зоран Георгиев
- 30 Август, 2020
По краткото боледување во Белград, каде што живееше изминатите децении, на 27 август не напушти великанот на македонската песна, Зоран Георгиев, родум од Охрид.
Георгиев ќе остане запаметен по македонскиот евергрин „Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја со Нина Спирова и заедно победија.
Георгиев во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.
Неговите пријатели, дуото Дац и Александар, како и Перо Христов, вчера се простија од него: