Ќе се изедеме меѓусебно? Научниците запрепастени: Коронавирусот ги претвара човечките клетки во зомби клетки
Коронавирусот ги претвора човечките клетки во зомби со тоа што ги охрабрува да пуштат пипци и да се шири низ целото тело, според студијата на Универзитетот во Калифорнија, во која научниците правеле микроскопски фотографии од целиот процес.
На сликите се прикажани заразените клетки кои испуштаат пипци, наликуваат на шила, т.н. филоподи, кои се исполнети со честички од вируси, а кои научниците веруваат дека болеста „сурфа“ преку нив до здрави клетки, во кои инјектира вирусен отров, создавајќи нови „зомби клетки“.
До сега, научниците мислеа дека вирусот „ковид-19“ се пренесува како и повеќето други вируси: со тоа што ќе се закачи на здрава ќелија, претворајќи ја во мултипликатор. Сепак, кај луѓе со здрав имунолошки систем, телото успева да се одбрани од повеќето вируси и да ги спречи да се размножуваат во прекумерен број.
Најновото откритие доведува до заклучок дека во одреден момент од неговиот развој, Ковид развил резервен план за да го избегне имунолошкиот систем. Научниците велат дека откритието означува „неверојатен скок“ во борбата против коронавирусот и може да ја отвори вратата за низа нови третмани.
Ниван Кроган, професор по клеточна и молекуларна фармакологија на Универзитетот во Калифорнија и водач на студии, изјави за ЛА Тајмс:
- Многу е злобно што вирусот користи различни механизми за да зарази други клетки пред да ја убие клетката. Други вируси, вклучително ХИВ исто така користи филоподи за ширење на инфекцијата во организмот, но професорот Кроган посочува дека брзината со која ковид-19 ги протега „пипците“ е многу необична. Нивниот облик е исто така невообичаен - тие се протегаат од клетка до други клетки како гранки на дрво.
Микробиологот на Универзитетот Колумбија, професорот Стивен Гоф признава дека откритието е „интригирачко“, но додава дека не мора да значи дека пипците служат како друг начин за ширење на инфекцијата.
- Сè уште не знаеме во која фаза на инфекцијата се случува. Ќе биде возбудливо да се открие - изјави тој за ЛА Тајмс. Научниците кои учествувале во студијата, објавена во списанието „Cell“, веруваат дека откритието ќе помогне во пронаоѓање на терапија.
Научниците од медицинскиот центар Монт Синај во Њујорк, лабораториите на Роки во Монтана, Институтот Пастер во Париз и Универзитетот во Фрајбург во Германија учествуваа во студијата.
Питер Опеншав, професор по експериментална медицина на „Кингс колеџ“ во Лондон, вели дека вирусот е „изненадувачки“ способен да го избегне имунолошкиот систем, иако се прошири од животни на луѓето пред само шест месеци. Според него, обично се потребни години на живеење заедно со луѓето пред вирусот да ја развие таа вештина.
- Она што нè изненадува за овој нов вирус е фактот дека тој само неодамна премина од лилјаци на луѓето, а веќе има многу имунолошки трикови во ракавот и влијае на имунолошкиот одговор на човекот, ширејќи се на начин на кој не очекувате од вирус што е штотуку пренесен на луѓето - вели Опенсо.
Мутираниот коронавирус, кој сериозно ги погоди Соединетите држави, Велика Британија и Италија, е скоро десет пати позаразен од оригиналниот вирус што се појави во Кина, јавува „Дејли мејл“, повикувајќи се на официјалните податоци.
Агресивната верзија на САРС-КоВ-2, наречена D614G, има четири до пет пати повеќе „шилци“ што се испакнати од површината на вирусот и оставаат да се врзува за човечките клетки. Оваа карактеристика го прави не само повеќе заразен, туку и постабилен и поотпорен.
Истражувањата на научниците од Институтот за истражување на Скрипс сега потврдија дека мутираната верзија полесно се врзува за рецепторите отколку другите соеви. Вирусите со мутиран ген, кои имаат повеќе „пипци“, се многу поинакви од другите, вели вирологот д-р Хајрин Чоу, шеф на тоа истражување.