„Ќе скокнев од 6-ти спрат“: Пике прв пат проговори за разделбата со Шакира
Раскинаа по 12 години заеднички живот
Познатиот шпански фудбалер Жерар Пике конечно проговори за разделбата со познатата колумбиска пејачка Шакира. Истата беше проследена со бројни контроверзии. Се зборуваше дека ја изневерил, дека му се смачило по што тој се вратил во ергенскиот стан, дека пејачката се расправала со неговите родители и многу други непотврдени приказни.
Сепак, најмногу одекна песната која Колумбијката ја сними и се обиде да ги понижи бившиот и неговата нова девојка. „Ферари“ го заменивте со „Твинго“, „Ролекс“со „Касио“, пееше Јужноамериканката.
Иако Пике сето ова време беше воздржан, на крајот проговори без да ја навреди Шакира.
-Да давав значење на тоа што го кажуваат за мене, ќе бев затворен во станот или ќе се фрлив од шести кат. Единствениот начин да се извлечеш од сето ова е да го игнорираш. Не можам да негирам неточни информации секој ден. Не сакам да зборувам и нема да зборувам за тоа, луѓето не знаат ни десет проценти од тоа што се случи - изјави Пике за време на гостувањето на каталонското радио.
Фото:screenshot