Кога животниот сон се претвара во кошмар: Брачен пар купил викендица, кога стигнала сметката за вода морале да одат на СУД
Кога ја виделе сметката се шокирале
Еден брачен пар добил сметка за вода од над 25.000 евра за викендица во близина на градот Реч во Долна Австрија, пренесува ORF „Bürgeranwalt“.
Зигрид и Герхард Еберсталер го остварија својот животен сон во пензија. Имено, овој пар од Виена купил викендица во близина на Рец.
За двојката, нивниот животен сон брзо се претворил во кошмар. Колибата била празна неколку месеци во 2017 година поради болест на едниот брачен другар, објави во саботата програмата на ORF-a "Bürgeranwalt“.
Но, додека викендицата била празна, пукнала водоводната цевка, што довело до сметка за вода од над 25.000 евра. Даночниот советник на брачната двојка се спротивставил на таа фактура - наплатата била „неразумна“, односно непропорционална, пренесува магазинот „Феникс“.
Кога по неколкумесечни преговори со општината, парот добил предлог сметката да се намали за 5.000 евра, пензионерите одбиле.
„Сметам дека ова однесување е многу лошо“, рече Герхард Еберсталер во емисијата ORF.
Двојката отиде на суд. Сепак, тие имаа делумен успех на суд. Судот ја намали сметката за 16.000 евра од вкупно 25.000 евра. Но сепак треба да платат 9.000 евра.
Фото: фреепик