Конечно ја реши вечната мистерија на Титаник, но сигурно не очекувавте таков пресврт

Дискусиите се водат скоро две и пол децении за тоа дали имало место за Џек на даската покрај Роуз, (според филмот двајцата после потонувањето на бродот се задржаа на даска, а Џек по извесно време смрзна и потона) но една млада девојка го најде виновникот за смртта на Џек што расплака милиони.

Поминаа повеќе од 23 години од премиерата на Титаник, па дури и после сето тоа време, една дебата сè уште ги дели обожавателите - дали Роуз е виновна за смртта на Џек.

Додека некои, вклучувајќи ја и Кејт Винслет, тврдат дека имало простор на даската и дека и тој можел да биде спасен, режисерот Џејмс Камерон тврди дека тоа не е можно и дека несреќниот Џек морал да замрзне во леденото море и да потоне.

Сепак, една TickToker- ка претстави комплетно нова теорија, а нејзиното видео, како што се очекуваше, стана вирално и собра скоро пет и пол милиони лајкови.


„Ќе ви кажам кој е навистина виновен за смртта на Џек - тој е овој лик. Таа го истакнува во видеото Фредерик Флит, морнарот кој прв го забележал ледениот брег. „Тој не го виде тоа на време“, вели таа, додавајќи дека сè ќе беше поинаку доколку тој користеше двоглед.

„Но, ако се прашувате кој е тој навистина“, вели таа и продолжува: „Тој е мојот татко“ и ја вперува камерата во нејзиниот татко кој стои покрај телевизорот.

Флит го глумеше британскиот актер Скот Андерсон, а видеото со неговата ќерка воодушеви милиони.

„Не очекувавме таков пресврт“... и пишуваат луѓето.