Коронавирус мерки: Од 23 до 5 наутро да не работи ништо ниту, пекарници, сендвичарници, кафулиња: Комисијата со ваков предлог в понеделник кај Заев
Комисијата за заразни болести в понеделник, по редовниот состанок ќе имаат и средба со премиерот Зоран Заев, на кого ќе му предложат одредени рестриктивни мерки, истакнуваат извориу на Фактор од Комисијата за заразни болести.
-Денеска не препорачуваме ништо, оставивме да видиме како ќе се движат бројките на новозараени и за време на викендот, но генерално разговаравме да предложиме до Владата мерка која ќе се однесува на работењето на сите угостителски објекти, маркети, сендвичарници, пекарници и така натаму. Нашиот предлог ќе биде од 23.00 до 05.00 часот ништо да не работи или тоа ќе биде дури и од 22.00 до 05.00 часот, но нема да има ограничување на движењето. Ако сака некој да си се шета, нека се шета во ноември, декември, но нема ништо да работи. Целта е да го намалиме групирањето во затворените објекти, каде што ризикот е многу поголем за ширење на заразата. Исто така ќе предложиме и рестрикции во однос на јавниот превоз, велат за фактор од Комисијата за заразни болести.
На денешниот состанок присуствувале и претставници од студентите кои се шеста година на Факултетот по медицина, и тие ќе помогнат во работата на епидемиолозите за да може навреме да се даваат резултатите. Ќе работат во подготовка на епидемиолошките анкети, а ќе бидат распоредени во Центрите за јавно здравје, во Институтот за јавно здравје, како и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
А.Б.