Коронавирусот увезен или пронајден на пакувања со лосос?
Засега е неизвесно зошто е создадено ново појавување на коронавирус во Пекинг, соопштија официјални претставници на Светската здравствена организација вчера, нагласувајќи дека тврдењата дека е увезен или пронајден на пакувања со лосос, се само хипотези но и дека многу сериозно треба да се свати ова и да се открие точно!
Во некои делови на кинеската престолнина, воведени се контролни пунктови, училишта се затворени, како и културни и спортски објекти, а од луѓето им се вели да се тестираат за коронавирус, по зголемувањето на бројот, наводно, поврзан со најголемиот пазар на свежа храна во градот.
Вирусот се најде на табли за сечење на пазарот?
Државните медиуми објавија дека вирусот е пронајден на табли за сечење на увезен лосос на големиот пазар во Пекинг.
Мајк Рајан, шеф на програмите за итни случаи на СЗО, на брифингот рече дека нема да коментира се уште дали пакетите и пакувањата треба да бидат тестирани за вирусот.
Претходно, некои експерти рекоа дека е малку веројатно самата риба да биде причина за инфекцијата, а каква било поврзаност со лососот е резултат на вкрстено загадување.
Рајан рече дека СЗО ја следи ситуацијата, што е загрижувачко затоа што се појави во толку голем град како Пекинг, и дека СЗО е во близок контакт со кинеските власти кои се обидуваат да ја спречат заразата.
„Како што видовме во многу земји, појавата на нови жаришта е секогаш причина за загриженост“, додаде тој.
Повеќе од 100 нови случаи во Пекинг
СЗО исто така објави дека повеќе од 100 нови случаи на ковид-19 се пријавени во Пекинг од повторувањето на болеста во кинеската престолнина.
"Минатата недела Кина објави нова појава во Пекинг, по повеќе од 50 дена без ниту еден случај во тој град. Сега се потврдени повеќе од 100 случаи. Потеклото на вирусот и колку се шири се истражува", рече главниот извршен директор на СЗО. Тедрос Аданом Гебрејзус.
„И земјите кои покажаа можност да го запрат пренесувањето на„ ковид-19 “треба да останат будни во врска со можното повторување на вирусот“, додаде тој.
Засега не се пријавени смртни случаи. Коронавирусот се чинеше дека е скоро искоренет од Кина, каде се појави во Вухан кон крајот на 2019 година, сè додека не избувна ново жариште минатата недела.