Кралот на Инстаграм и голите девојки: Казнети за брзо возење со скии на вода
Кај и да се појави привлекува внимание, дури и повеќе од потребно.
Американскиот пјејбој, милионер и „крал на Инстаграм“, Ден Билзеријан (39) и неговото друштво веќе некое време уживаат покрај брегот на Хрватска, а очевидци ги опишуваат тие забави како блудни и раскалашени.
И се‘ ќе беше како што треба ама капетанијата мораше да интервенира кога девојките возеа џет-ски крај брегот, што е забрането.
Според поморскиот закон, казните за брзо возење на глисер или џет-ски во близина на крајбрежјето се и до 2.000 евра. Управата на пристаништето им пристапи на мултимилионерот и неговите девојки на Ластово, а еден од гостите на јахтата сними сè со камера.
Пејбојот нормално не се грижи за законите во Хрватска. Дан, кој се збогати со играње покер во последните неколку дена лудо се забавува на Јадранот, а омилено му е возење џет ски покрај брегот.
Билзеријан го игнорираше фактот дека тој и неговото друштво може да бидат казнети за лудување, што на крајот се случи. На луксузната јахта му пристапи Лучката капетанија, која ги казни за брзо возење во близина на брегот.
„Забава и игри се додека не добив казна за брзина“, напиша Линдзи Гудстајн. Пред да дојдат да ја казнат, Линдзи објави видео во кое вози џет-ски со брзина од 60 километри на час.