Криминално минато: Ја реновираа куќата и открија БОГАТСТВО - „Легендата е ВИСТИНСКА“!

Подрумот и sидовите чуваа тајна

Кога на еден пар од областа Њујорк им беше кажано дека нивниот дом стар 100 години го изградил неславен шверцер, тие помислиле дека тоа е урбана легенда.

Сепак, за време на неодамнешното реновирање на куќата, парот откри нешто што ги натера да веруваат дека легендата може да биде вистинита.

На почетокот на октомври, Ник Драмонд и Патрик Бекер рекоа дека пронашле повеќе од 66 шишиња виски скриени во ѕидовите и подните плочи на нивниот дом, изграден во 1915 година.

„Не можам да верувам дека приказните се вистинити! Тој беше шверцер“, напишал воодушевениот Драмонд на Инстаграм, документирајќи го нивното откритие.


Двојката живееше во куќа сместена во малото село Ејмс, оддалечена околу три часа од Њујорк, нешто повеќе од една година пред да се решат да започнат со генералното уредување на куќата пред два месеци.

Драмонд се збунил од мистериозниот пакет што го нашол и наскоро низ главата му се вртела легендата за која слушнале.

По, некое време ги нашле и пакетите, а на крајот пронашле дури 66 шишиња шкотско виски со етикета „Old Smuggler Gaelic“, што се произведува и денес. 13 од тие шишиња биле полни, и уште четири во нешто полоша состојба.


Првичниот сопственик на куќата бил Германец познат како гроф Адолф Хампфнер, пишува Си-Ен-Ен.

Откако истражувал написи во весници за него, открил дека тој е шверцер кој учествувал во бројни скандали. Тој почина ненадејно и остави зад себе шверцувано виски, но и богатство за кое се спори веќе долго време.

Парот има намера да ги чува празните шишиња и да ги продава оние што ги нашле полни. Драмонд вели дека проценетата вредност на едно полно шише е околу 1.000 американски долари.

Парот реши да зачува едно шише за да може да го проба вискито.


Фото: Инстаграм