Кристал Харис, сопругата на Хју Хефнер: Ќе ти бидам секогаш благодарна- ѝ остави богатство од 12 милиони долари

Кристал Харис, сопругата на Пејбојот Хју Хефнер, кој почина во 2017 на 91 година напиша посвета на тригодипнината од смрттта на сопругот.

"Три години. Тешко е да се поверува. Ти благодарам што секогаш беше најдобриот пријател, што ме научи на нежност и ми овозможи да се чувствувам секогаш исклучително важно и ценето,сите 10 години. Ќе ти бидам засекогаш благодарна", напиша Кристал на својот профил на Инстаграм под фотографијата на која таа и Хју позираат насмеани.

Инаку, починатиот сопруг беше постар од неа 60 години. Харис (34) изгледа убаво, помирена е со смртта на легендата и после три години реши да си најде нова љубов.

Таа е во љубовна врска со 32 годишниот Нејтан Леви, инженер од Лос Анџелес.

Инаку, Хју и остави вила од 7 милиони долари и 5 милиони долари на сметка.