Личен тренер се здебели 35 килограми за да ги изгуби во следните 6 месеци: „Не е до исхраната, со психата е“
Со цел подобро да ги разбере своите клиенти на нивните патувања кон губење на тежината и да види дали зрелоста има ефект врз можноста за постигнување на овој процес, еден личен тренер додаде триесет килограми за да ги изгуби по шест месеци ...
Дру Менинг и претходно имал искуство со екстремни диети, па ова не е првпат да изведува нешто слично. Тој во текот на 2014 година се здебелил 35 килограми за да ги надмине верувањата дека неговите клиенти кои не можат да ослабат се всушност мрзливи. Четириесетгодишниот Менинг сакал да заклучи дали неговата возраст влијае на можностите за слабеење, откако за шест месеци додал повеќе од 13,5 килограми.
Иако Менинг признава дека неговиот пат до намалување на килограмите навистина бил тежок, многу потежок отколку за луѓето кои биле дебели долго време, тој сепак верува дека личниот успех покажува дека годините навистина не се значаен проблем кога станува збор за губење на тежината. .
Менинг рече:
„Бев многу импресиониран од начинот на кој моето тело реагираше на сè во 40-тите. Годините се само бројка, и покрај фактот што на некои луѓе им е потешко поради одредени хормонални и метаболички промени кои се случуваат во овој момент, губењето килограми сепак е можно“.
Бев убеден дека луѓето користат генетика и слични работи како изговор“, напиша Менинг.
„Или сакате да бидете здрави или не.“ Тренерот чувствуваше дека мора да ги подигне работите на следното ниво и да направи нов чекор по бројните неуспеси на луѓето на кои едноставно не успеа да помогне во остварувањето на своите цели. Менинг престанал да оди во теретана и почнал да јаде брза храна и многу да пие.
За само шест месеци овој тренер успеа да додаде 35 килограми, а влијанието што го имаше во неговиот живот целосно го запрепасти. Сопругата на Менинг, Лин, рече дека тој престанал да и помага низ куќата и дека брзо ја губи самодовербата. Самиот Менинг признава дека враќањето во теретана откако се здебелил било потполно погубно и понижувачко, додека во исто време поради намаленото ниво на кондиција душата буквално му била во носот.
„Најважното нешто што го научив е дека не е сè до физичкиот изглед, ниту пак плановите за оброци и вежби, тренинзите и сите тие работи. Клучните проблеми со дебелеењето се на ментално и емоционално поле. Сфатив дека овие проблеми се многу реални“.
Неговата одлука да се здебели толку многу за толку краток временски период, според професионалците била крајно ризична, додека најголеми и најзначајни ризици се холестеролот и крвниот притисок. Менинг, пак, тврди дека не жали за оваа одлука.
„Често можеме да слушнеме приказни за успехот на губењето на толку голема тежина, но тие стануваат се почести“, додаде тренерот. „Да се види како некој го прави тоа намерно во спротивна насока, е нешто друго. Тоа е вистинската рамнотежа помеѓу лудоста и инспирацијата“.
Менинг исто така објасни дека неговите искуства го научиле дека слабеењето е всушност ментално патување.
„Наместо да гледате на вашите тела како на нешто што го мразире и презирате, време е да ја смениме песната и да почнеме да го цениме она што го поседуваме, и покрај фактот дека тоа не е совршено, и да го прифатиме секој напредок. Ова е далеку поздрав пристап во споредба со доживотната омраза. Затоа трансформацијата е ментално и емоционално патување, многу повеќе отколку што мислат луѓето“.
I remember when... https://t.co/ihvAmtUHcD pic.twitter.com/Owtcmrc8hE
— Drew Manning (@fit2fat2fit) May 28, 2021