Мафијашки гробишта: Натпревар во богатство и после смртта (ВИДЕО)
Во Русија има гробишта со необични мотиви на спомениците кои
сведочат за животот на луѓето кои живееле брзо и кратко.
Гравирани фигури со човечка големина кои носат скапи тренерки и маици, кожени јакни и костуми, златни синџири, тетоважи, клучеви од скапи автомобил во рацете и цигари во устата...
На прашањето зошто ги поминуваат деновите толку полни со ризик, мафијашите најмногу одговарале дека тоа што го доживуваат во еден ден, просечниот човек не го доживува цел живот.
Во нивната свест се вкоренила некоја чудна филозофија како онаа на старите Египќани.
„Целото богатство на светот не вреди ништо кога не можете да го однесете со себе во гроб“, беше нивното мото.
Руските мафијаши го сфатиле очигледно тоа како предизвик. На тоа укажува посебен дел од гробиштата во Екатеринбург, каде што се закопани (анти) херои од руското подземје во 1990-тите.
Турбулентните 1990-ти донесоа колапс на Советскиот Сојуз и комунизмот. За жал, овој период го одбележаа организираниот криминал и мафијашките судири.
Еден од главните центри беше градот Екатеринбург, каде што голем дел од бизнисот беше контролиран од мафијата. Покрај „претприемништвото“ се занимаваа и со рекет, внатрешни конфронтации и елиминација на конкуренцијата.
Како заврши сето тоа?
Оние кои преживеаја си ги легализираа работните места, а оние кои не - се погрижија да останат запаметени.
На крајот, во тишината на гробиштата, семејството и пријателите на починатите мафијаши се погрижија за необичните скулптури и фотографии кои сведочат за животот и времето полно со богатство и насилство.
Фото и Видео: Youtube-