МАЈСТОРИ СЕ БАРААТ „И ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН“: Уште потешко е ако ви треба некоја ситна поправка во домот
Граѓаните мака мачат да најдат мајстори за поправки во домот, и чекаат со месеци, а ако се работи за некоја ситница или за мала квадратура е уште потешко. Во време кога има криза за занаетчии, мајсторите имаат шанса да бираат каде и што ќе сработат и гледаат што е поисплатливо. Мајсторите велат дека секој од нив е приказна за себе. Некој бара ангажмани каде има поголема квадратура за работа, но други пак не сакаат да „заглавуваат“ долго време на ист објект. Додаваат дека има секакви ситуации. Но, ако се работи за мала квадратура, за ситна поправка на викендица или во некое место далеку од градот, тогаш треба јасно да му се каже на тој што бара услуги колку ќе чини трошокот до таму и самата работа.
„Зависи од работата. Ќе му излеземе во пресрет, ќе земеме пари и си одиме. Секој различно прави. Ако е мала површина, ситница, гледаме реално да извадиме дневница, да ги покриеме трошоците. Проблемот е ако мајсторите се алчни, гледаат да фатат повеќе работа и затоа е доведено до тоа луѓето да изгубат доверба“, вели Александар К. молер од Скопје.
Целиот текст на ФАКТОР