Македонецот роден во авион на ЈАТ на 8000 м. надморска висина: Го крстија Јатко

ЈАТ повеќе не постои, но приказната за едно момче кое е родено на лет од Југославија до Австралија во 1978 година, ќе остане едно од најубавите спомени за „надморската височина“.

Марија Тодева се породи на 13 февруари 1978 година во авион на ЈАТ, а беше породена од членови на екипажот. Ножиците со кои се сечеше папочната врвца на бебето беа дезинфицирани со виски, на момчето му беше дадено името Јатко, а тој е веројатно единствениот Јатко во светот. Оваа вест ја пренесоа многу светски медиуми.

Мајката на Јатко имала 18 години и летала во осмиот месец од бременоста од Белград преку Сингапур до Сиднеј. Таму ја чекал нејзиниот сопруг Стојан, кој заминал во Австралија неколку месеци порано во потрага по подобар живот. Таа се породи два часа пред да слета, на 8.000 метри.

Авионот полетал со 106 патници, и слетал со 107. Јатко добил доживотен авионски билет, но не го користел. Се уште...

Јатко живее во Австралија, оќенет е и има три ќерки.

Како место на раѓање му е впишана регистрацијата на авионот YU- AGI

Youtube- printscreen