Мажи, дали се согласувате? Фаталната убавица официјално е најубава и најуспешна жена во 2023

Магазинот „Maxim“ ја прогласи актерката Маргот Роби за најубава и најуспешна жена во 2023 година.

Австралиското издание на магазинот ја објави својата годишна листа „Hot 100“ за 2023 година. На листата се најуспешните жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. Интересно е што 33-годишната Маргот Роби го зазема првото место на листата четврта година по ред.

Второто место на овогодинешната листа го зазеде фудбалерката Сем Кер, а третото музичарката Делта Гудрем.

„Нашата годишна листа „Hot 100“ еволуираше во текот на изминатите десет години. Во 2023 година, таа продолжува да ги слави извонредните австралиски жени кои импресионираа или влијаеа врз нас со нивните способности, интелект, хумор, достигнувања, шега и неверојатен талент“, изјави за медиумите Санти Пинтадо, главен уредник на „Maxim“.


Маргот Роби е ѕвездата на 2023 година

Инаку, Маргот Роби годинава беше главна ѕвезда на големото платно и насловната страница на магазинот поради улогата во филмот „Барби“. Покрај тоа што ја оживува популарната кукла на големото платно, Роби е и филмски продуцент благодарение на нејзината продукциска куќа „LuckyChap Entertainment“.

Магазинот „Variety“ дозна дека Маргот добила 12,5 милиони долари за улогата во филмот „Барби“.

Австралиската актерка беше најплатената актерка во 2022 година, благодарение на филмот „Барби“. Нејзината плата го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот „Birds of Pray“ од 2020 година со Харли Квин.

ФОТО: EPA-EFE/ANDY RAIN