Мажиште: Порано фустани и штикли, денес мачомен, жените полудеа

Бугарскиот пејач Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, изненади многумина со својата трансформација - откако се приклучи на „Премиера – викенд специјал“,покажа како ја замени русата коса и луксузната гардероба во светли бои со „мачо“ стил.

- Здраво. Мојот живот е сосема нормален, сè е вообичаено. Сега работам на телевизија и изгледам драстично поразлично отколку што многумина ме паметат.

View this post on Instagram

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)


- Мојот живот е ист како порано. Јас работам на телевизија и многу сум среќен поради тоа, така што бугарскиот народ ме гледа на малите екрани секој ден, така што тие знаат сè за мене. Затоа мислам дека сè е исто, освен што повеќе не носам шминка. Не можам да кажам како се чувствувам, дали сум маж или жена. Се чувствувам како уметник, тоа е најважно за изведувачот, да се чувствува како уметник - вели Азис, кој верува дека „им здодеал на луѓето со приказни од неговиот приватен живот“.

- Многу зборував за мојот приватен живот во јавност, па мислам дека им здодеав на луѓето зборувајќи за тоа. Сега ги интересира само мојата музика и работата на телевизија, не со кого спијам или со кого живеам. Го сменив мојот живот и мојот приватен свет и луѓето го почитуваат тоа - заклучи тој.


Фото: Инстгарам/Азис

Видео: Youtube