Мажите кои носат долга коса и брада имаат најмали тестиси???
Ова го покажаа најновите истражувања.
На универзитетот во Западна Австралија, спроведени се неколку истражувања за да се открие кои примати имаат најмали тестиси. Испитани биле околу 100 примати, вклучувајќи и луѓе, и откриено е дека влакнестите видови на примати, без оглед на својата големина, имаат помали тестиси од останатите видови.
Иста ситуација е откриена и кај мажите, каде резултатите покажале дека мажите кои сакаат да носат долга коса и брада имаат помали тестиси. Научниците оваа појава ја објасниле како „природно украсување“. Приматите кои имаат поголеми тестиси на тој начин ја покажуваат својата плодност и машкост, додека приматите со помали тестиси мораат женките да ги привлечат на друг начин и преку другите атрибути да покажат доминантност.
Токму на овој начин се појавуваат разликите во влакнетоста на приматите и се забележува корелацијата помеѓу помалите тестиси и поголемата влакнетост. Иста се покажа и ситуацијата кај мажите, каде мажите со помали тестиси имаат желба да носат долга коса и долга брада, додека оние со поголеми тестиси најчесто не носат брада или се оќелавени.
Секако, научниците потенцираа дека ова не мора да се смета како дефинитивен доказ и дека не секој влакнест маж има мали тестиси, но исто така рекоа дека шансата за тоа да е точно е многу голема и дека мажите се’ се уште инстинктивни суштества кои во несвесни ситуации се однесуваат исто како примати.
Можеби ќе ве интересира и
Дали големината на стапалата има поврзаност со големината на машката „гордост“?