Милијардер вети дека ќе го купи светот за да го заштити

Дека светот е навистина неверојатно место, можеме да заклучиме практично секој момент во секој ден ...

Како што знаете, изреката- колку луѓе толку чуда, е дефинитивно точна и проверена, секој од нас реагира различно на слични ситуации, вклучително и трошење пари. Многу луѓе кои имаат повеќе од доволно пари да обезбедат за идните генерации и генерации, уживаат да купуваат ексклузивни и уникатни предмети, додека други прават се за да ја зачуваат нашата планета и да ја претворат во некое поубаво место. Еден од нив е милијардер од Вајоминг, кој се обврза да купи 15 проценти од планетата, со цел двојно да ја зголеми количината на заштитени земјишта и водни површини.

Според наводите, од отворањето на првиот национален парк во светот, Јелоустоун, во 1872 година, петнаесет проценти од земјиштето и само седум проценти од водните површини биле заштитени во нивната природна состојба. Сепак, научниците тврдат дека мора да заштитиме барем половина од планетата, со цел да ги заштитиме повеќето растителни и животински видови од истребување. Споменатиот богаташ со златно срце реши да донира една милијарда долари од своето приватно богатство, со цел да не приближи до таа далечна цел.

Како што дознаваме, неговите пари ќе бидат искористени за создавање и понатамошно проширување на заштитените подрачја, така што ќе покриваат до 30% од површината на нашата планета до 2030 година. Амбициозниот осумдесет и тригодишен милијардер Хансјорг Вис, роден во Швајцарија, а сега живее во Вајоминг, претходно донираше 450 милиони долари за заштита на над 40 милиони хектари земја и вода.

Тој исто така ги поддржа напорите за борба против ловокрадците, обновување на реките, подобрување на Африканскиот национален парк и многу други, додека играше значајна улога во спречување на индустријата на фосилни горива да го деградира заштитеното земјиште.

„Компанијата веќе идентификуваше девет локално водени проекти за заштита на нашето опкружување, кои се одвиваат во тринаесет земји, над 10 милиони хектари земја и 17.000 квадратни километри океани, кои ќе добијат помош од 48 милиони американски долари“, се вели во соопштението.

Мора да признаеме дека светот навистина би бил далеку подобро место, ако побогатите жители размислуваат како г-дин Вис.