Мистеријата на погребот на Тито: Неговото тело не беше во тој ковчег, туку ОВА! (ВИДЕО)

Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше погребан на голем српски празник, но и на денот на Третото српско востание предводено од Драгоjуб Дража Михаиловиќ на Равна Гора - на 8 мај.

Погребот на Маршалот не можеше да помине без тајни и мистерии.

Најголемата тајна беше- што всушност имаше во ковчегот што беше изложен во сегашната зграда на српскиот парламент и беше покриен со знамето на Југославија со петокрака sвезда?!

Целата мистерија околу погребот, кој собра најголем број светски државници некогаш на едно место, ја отвори д-р Обрен Ѓорѓевиќ, поранешниот шеф на СДБ на Србија.

Имено, тој тогаш изјави дека телото на Јосип Броз Тито никогаш не било во ковчегот, но дека таму имало ништо друго туку ПЕСОК.

„Кога Јосип Броз Тито почина, некои членови на Претседателството на СФРЈ, пред се Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, како што е Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито, сепак, беше преполно со разни лекови, почнало прерано да се распаѓа, ширело непријатен мирис, така што "Од медицински и хигиенски причини, пред сè, Доланc, Микулиќ и Дороњски решија закопот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот имаше песок што беше изложен во Федералното собрание.", изјави Ѓорѓевиќ претходно за српските медиуми , кој така ги откри сите мистерии но не кажа што станало со телото на Маршалот.

Се разбира, дури и денес, многумина се прашуваат дали Јосип Броз Тито навистина бил погребан во Куќата на цвеќето, зошто на мермерната плоча нема петокрака sвезда и многу други прашања што се плод на разни теории на заговор или можеби не.

Извор: Stil kurir