Млад српски турист починал по скок во Охридско езеро, се удрил во карпа, потоа 12 дена бил во кома

Младиот Никола Стевановиќ – Коле од селото Доње Крајинце кај Лесковац, по скок од карпа во Охридското езеро, не се разбуди од кома во која бил 12 дена. 

По ударот во подводна карпа го скршил вратот и шестиот пршлен.

Во клиничкиот центар во Скопје тој се бореше 12 дена за живот, по што им подлегнал на повредите.

Никола бил фудбалер, а пред почетокот на сезоната, тој одмораше со пријателите на Охридското езеро. 

Бил итно префрлен во Скопје, каде што бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил, пишува денеска Југмедија, кој додава дека за младиот спортист тагува целата фудбалска заедница во областа Јабланица.