Мојата куќа е проколната: Во дупка во кујнскиот шкаф најдов морбиден цртеж! (ФОТО)

Брачна двојка од Америка полуде поради чудни пораки во кујнските ормани, пренесува Мирор. Пораките со симболите ги пронајде жена која објавуваше сè на ТикТок и ги покани своите следбеници да и помогнат да ги дешифрира.

Од страв пораката да не е проколната, парот решил да го запали парчето хартија. Видеото наскоро стана вирално и предизвика низа коментари. Повеќе од 9,5 милиони луѓе го гледале.

@anxiousweenie69

help what does this mean?? is my apartment cursed #creepy #ghost #aliens #confused

original sound - angelica

Неколку следбеници ја дешифрираа пораката и коментираат дека пораката предупредува дека куќата е проколната.

- Вашата куќа е проколната, запалете ја хартијата веднаш! - напиша еден.

Некои коментираат дека сопствениците на куќата немаат за што да се грижат и дека најверојатно ја нацртало дете, додека други коментари сугерираат дека парот пронашол нешто натприродно.


Видео и Фото: ТикТок