Можеби сум позитивен на коронавирус, ама имам воспаление на простатата: Бријаторе со порака

„Дојдов во болницата во неделата и бев задржан поради воспаление на простатата. Кога сум тука, зедоа брис, но сè уште не знам дали сум позитивен за коронавирусот. Можеби и сум позитивен, со оглед на настаните во Сардинија, но јас се чувствувам добро, многу добро“, изјави Флавио Бријатоне.

Со ова, славниот италијански милијардер ги демантираше шпекулациите на сите светдки медиуми кои ја објавија веста дека е болен од коронавирус и дека е во критична состојба.

Бријаторе управуваше со „Бенетон“ и „Рено“ во Формула 1, а надвор од патеката тој е познат по неговите врски со најубавите жени во светот. Последна во низата е Мариа Лудовица.

Шпекулациите дека има коронавирус беа поткрепени со фактот кога еден од неговите угостителски објекти во Порто Черво беше прогласен за жариште затоа што повеќе од 60 вработени и гости се заразија со коронавирусот.