Му падна богатство буквално од небото: Преку ноќ стана милионер

Еден човек во Индонезија, по име Џошуа, имал среќа  во неговиот живот.

Имено, тој до неодамна заработувал за живот со правење гајби, но неодамна огромен врел камен тежок 2,2 килограми паднал во неговата куќа преку покривот.

Се испостави дека станува збор за метеорит стар 4,5 милијарди години и еден од најзначајните некогаш пронајдени на планетата.

Тој го продал за околу 1,5 милиони евра, а како што изјави, дел од тие пари ги искористил за да изгради црква во неговото село, пренесува порталот Индекс. Тој и неговата сопруга, како што тврди, сакале уште една ќерка, покрај трите деца што веќе ги имаат, и ова билознак од вселената дека дефинитивно треба да работат на тоа.


Фото: Твитер