На 19 години завршил во затвор, татко му се здрвил кога добил писмо: „Тато те молам, не копај во градината, сокрив нешто важно...“

Кога еден млад човек од Америка завршил во затвор и му испратил писмо на својот татко, се забавувале многумина

Кога имал 19 години, младиот човек бил осуден на затвор поради инфилтрирање во американските разузнавачки служби и кражба на многу доверливи информации.

Поради неговата умешност и лукавство, го добил прекарот „Лисица“.

Неговиот татко, старец кој живее сам, сака да сади домати во градината до куќата, но годините не му дозволуваат да го прави тоа сам. Татко му испраќа писмо на својот син, кој е во затвор:

„Драг сине, сакав да бидеш со мене за да ми помогнеш да ја орам градината и да засадувам домати. Сега немам кој да ми помогне“.

По некое време, таткото добил писмо од синот во кое напишал: „Драг татко, те молам не копај во градината затоа што сокрив нешто важно, а кога ќе излезам од затвор ќе ти кажам што е тоа. Неполн час откако ја напишал пораката, разузнавачите и полицијата ја опколиле куќата. Ја ископале земјата метар по метар, извадиле сè, но ништо не нашле.

Една недела подоцна, во куќата на стариот татко пристигнало ново писмо, од неговиот син од затвор: „Драг татко, се надевам дека полицијата добро ја изора земјата, сега можеш да засадиш домати и ако ти треба уште нешто, извести ме. Не можам да бидам со тебе, но ќе направам се за да те поддржам како и да можам“. 

Наравоучение: интелигенцијата е потценета, но ако ја користите, ќе се изненадите од нејзината моќ.

Не се знае дали оваа приказна е вистинита бидејќи нема релевантен извор, но во секој случај е интересна и објавена е на истоимениот портал на Фејсбук страницата.