На 50 започна свој бизнис, на 90 скокна со падобран: Филис и тајната за здравје и долг живот

Американката Филис Сјуз стана инспирација за жените ширум светот со нејзиниот животен стил. Имено, Филис имаше 95 години кога ја пишува својата прва книга „20 совети за промена на вашиот живот". Почина на 98 годишна возраст.
Таа истакнуваше дека никогаш во животот не брзала, па на 50 години започна својот бизнис, на 85 години имаше прв час по јога, за прв пат скокнала со падобран кога имаше 90 години. Неверојатно, зарем не?
Оваа импресивна жена велеше дека сака да биде инспирација за сите луѓе, без оглед на годините со кои се соочуваат. Таа призна тогаш дека има здравствени проблеми, но и дека не престанува да прави работи што ги сака во нејзиниот живот. Главната цел и беше да се чувствува добро и да биде во добра форма, без разлика дали има болка во рамената и нозете. Таа беше свесна дека телото слабее со текот на времето, но тврдеше дека треба да се бориме како луди и дека тоа е битка која нема крај.
Филис делумно може да се заблагодари на нејзините гени за нејзиниот долг живот. Нејзината сестра неодамна го прослави својот 105-ти роденден, а нејзината мајка почина на 94 години. Таа веруваше дека клучот за долговечност и трајно здравје е да останете активни, отворено и без страв секој ден да учите нешто ново.
Филис е поранешна танчерка, почнала да игра балет кога имала 14 години. Таа признава дека уште тогаш знаела дека ќе танцува цел живот. Никогаш немала повеќе од 45 килограми, и признава дека може да јаде што сака. Што се однесува до нејзината исхрана, таа велеше дека јаде сè, но тајната е во количината, односно порциите.
До 97 година од својот живот секое утро вежбаше јога еден час, а исто така танцуваше и танго.
- Тоа е мојата филозофија. Живеењето „седечки“ начин на живот е страшно, затоа стани. Танц, прошетка, што било, само движи се. После тоа, ќе треба да знаеш како да се справиш со предизвиците, бидејќи ги има доста. Прифати ги, одговори на нив и научи нешто од секој ден, нов јазик или музички инструмент ... јас сум многу мотивирана и не се откажувам, без оглед колку е тешко, знам дека ќе успеам- вели Филис. И успеа во се!