На фотографијата се истите родители, но не истите 3 деца: Трагедијата што ги снајде овие луѓе е незамислива - во еден ден изгубија сѐ!
Лорен и Крис Кобл немале поим дека ќе ја доживеат најголемата трагедија што може да му се случи на еден родител. За еден ден изгубија не едно, туку три деца.
На тој кобен ден, Лорен отишла во трговскиот центар со нејзината мајка Синди и нејзините три деца. Најстариот син Кајли штотуку наполнил пет години, а пред него ја имала една година помладата ќерка Ема, додека најмладата Кејти имала само две години. Кога се враќала од трговскиот центар додека се обидувала да се спои на автопатот, Лорен удрила во сообраќаен знак, но децата биле само малку потресени.
Меѓутоа, во секунда се се претвори во голема трагедија. Нејзиното комбе било удрено од огромен камион тежок 18 тони кој со полна брзина удрил во возилото. Лорен и Синди биле тешко повредени и итно пренесени во болница, додека децата биле пренесени во две детски болници.
- Ми заѕвони телефонот и од болницата ми кажаа дека мојата сопруга и децата доживеале тешка сообраќајна несреќа. Веднаш се упатив во болницата каде што се лекуваше Лорен, а потоа лошите вести почнаа да доаѓаат една по друга. Прво ми кажаа дека Кејти починала, па Ема. Плачев, не можев да верувам што се случува. Кајли бил во кома, мозокот му бил мртов! – низ солзи рекол Крис, таткото на децата.
Заедно со Лорен отишол во болница за да се збогува со својот син пред да биде изваден од апарати за одржување.
- Лорен беше во инвалидска количка, само плачеше како мене. Таа возеше до креветот на нашиот син, го фати за рака и шепна: „Можеш да одиш сега, твоите сестри те чекаат! Се скршив од болка, не ни знаев дека човек може да издржи толкава тага“, изјави Крис.
- На денот на погребот влеговме во мртовечницата и видовме три мали ковчези. Беше страшно! Во тие најлоши моменти, јас и Лорен си ветивме дека нема да се оставиме. Тагата беше толку голема што размислувавме за самоубиство. Немаше ниту една причина да продолжиме да живееме – низ солзи изјави Крис.
По погребот беше уште полошо. Имаше детски играчки насекаде низ куќата, нивната облека во плакарот... Лорен плачеше со денови. Три месеци по трагедијата, таа и Крис решија повторно да се обидат да имаат дете.
- Ниту Лорен, ниту јас немавме сила за интимни врски, па решивме да се обидеме со вештачко оплодување. Иако вообичаено не функционира од првиот пат, токму тоа ни се случи. Практично на првата годишнина од смртта на нашите деца се случи чудо! Лорен родила тројки - две девојчиња и едно момче. „Сфативме дека тоа е знак од Бога“, рече тој.
Девојките ги добија имињата Ешли и Ели, а момчето Џејк.
- Знаевме дека никогаш не можат да ги заменат нашите мртви деца, но радоста се врати во нашата куќа и во нашите срца. Повторно, нашиот живот беше исполнет со љубов, среќа и детска смеа. „Од почеток им кажуваме на нашите деца за трите малечки што ги имавме пред нив, нивните фотографии се на ѕидовите на нашата куќа и знаат дека имаат две сестри и брат во рајот“, изјави Лорен.
Возачот на камионот Орге Ромеро е осуден за сообраќајна несреќа, но Лорен тврди дека му простила.
- Тој е всушност многу фина личност, само заплака кога сфати што се случило. „Сето тоа беше комбинација од несреќни околности и трагедија што се случи поради местото каде што удрив во сообраќајниот знак“, додаде таа.
Поминаа години, Ешли, Ели и Џејкс пораснаа и сега се тинејџери, а нивната мајка ги нарекува најголемото чудо во нејзиниот живот.
Извор: Стил курирФото. инстаграм, принтскрин