На лотарија освои 4 милиони - семејството веднаш се откажа од него: Еве зошто
Мислењата се поделени
Еден добитник на лотарија, на социјалната мрежа Редит тврди дека добил џекпот од 4 милиони фунти, но откако признал дека нема да ги дели парите, неговото семејство се откажало од него.
Тој објасни дека тој и неговата сопруга повремено купувале билети за забава и дека не насетувале дека ќе ја добијат оваа неверојатна добивка, но имале невидена среќа.
- Откако ги подмиривме сите долгови (студентски, хипотека за куќа, кредит за автомобил) ни остануваат уште многу пари. Доколку не знаете, 70 отсто од добитниците на лотарија пропаѓаат по неколку години – напиша тој.
Не сакајќи да ја доживее истата судбина, мажот и неговата сопруга решиле да вложат два милиони во бизнис, а останатите два ќе ги искористат за купување стан.
- Кога им кажав на семејството, помислив дека нивната прва реакција ќе биде возбуда поради мене и дека ќе бидат среќни што сум финансиски одговорен за парите. Но, почнаа да зборуваат за големо семејно патување и како ќе им ги отплатам сите долгови што ги имаат – рекол човекот.
Тој им објаснил дека 4 милиони фунти се голема сума, но рекол дека нема да им даде пари, по што му рекле дека не е добредојден во семејството и дека никогаш повеќе не треба да разговара со нив.
Мислењата за Редит се поделени.
- Веќе не си добредојден во семејството затоа што не си ги дал парите? Тоа е страшно – напишал еден корисник.
– Вашето семејство покажа дека крвта не е погуста од парите – коментирал друг.
Фото: фреепик