На мајка ми и сестра ми морав да им кажам дека тато е убиен: Огнен Амиџиќ 30 години го бара одговорот на едно прашање
Се навршуваат три децении од погубувањето на таткото на познатиот српски водител, а како што тој еднаш раскажа, се сомнева дека некогаш ќе ја дознае вистината...
Зоран Амиџиќ, таткото на водителот Огнен Амиџиќ, кој работеше како новинар и дописник за РТС од Шабац, загина на денешен ден во 1991 година во Хрватска, додека беше на новинарска задача. Со него настрадаа и неговите колеги - Бора Петровиќ, Дејан Миличевиќ и Сретан Илиќ. Беа ликвидирани во заседа на патот Петриња - Глина.
Водителот ниту по 30 години не дојде до сознанието кои се нарачателите и кој ги убил неговиот татко и неговите колеги. Пред две години одлучи да проговори за тоа.
„Ми се јавуваа многу луѓе, има разни приказни. Многу работи се случиле таму, многу злосторства се направени, а се заборава дека тоа се повторува на 50 години за повторно да страдаме од истите и потоа сè е супер и сите се сакаме. Како мал се чудев кога учев за тие логори и не можев да сфатам како некој можел да направи логори, тоа се граничи со лудило“ - раскажа водителот и додаде:
Најтешкиот момент во неговиот живот бил кога полицајците му соопштиле дека татко му е убиен, а тој морал тоа да им го каже на мајка му и сестра му.