Најбаналната кражба во историјата - Ограби новинар во директен пренос! (ВИДЕО)
Неверојатно, но вистинито.
Среде бел ден, ТВ-новинар во Еквадор неодамна беше прекинат среде снимање од човек со пиштол, кој им ги зеде мобилните телефони и неговиот и на снимателот.
Во Еквадор, новинарот Диего Ординола и неговата камерна екипа биле ограбени под закана со пиштол.
Екипата се обиде да го следи крадецот со камери, но откако слегоа под мостот, веќе не можеа да го фатат.
Тие продолжија со снимањето за полесно да го пронајде полицијата виновникот.
Ni siquiera podemos trabajar tranquilos, esto ocurrió a las 13:00 de hoy en las afueras del Estadio Monumental.
— Diego Ordinola (@Diegordinola) February 12, 2021
La @PoliciaEcuador se comprometió a dar con estos delincuentes. #Inseguridad pic.twitter.com/OE2KybP0Od
Во меѓувреме, новинарот им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и повика на обединување на нацијата во борбата против криминалот.
Фото: Твитер