Најчистиот воздух на светот: Научниците веруваат дека го пронашле
Научниците веруваат дека откриле место каде се наоѓа најчистиот воздух во светот, каде нема честички создадени од човечка активност. Најчистиот воздух, според нив, се наоѓа над Јужниот океан што го опкружува Антарктикот.
Истражувачи од државниот универзитет во Колорадо откриле атмосферски предел што човечката активност не успеала да го допре и промени.
Климата и времето се тесно поврзани. Бидејќи климата се менува брзо како резултат на човечките активности, научниците и истражувачите се обидуваат да најдат дел од светот што не е засегнат од човекот.
Професорката Соња Крајдевјес и нејзиниот тим веруваат дека воздухот над Јужниот океан е најмалку зафатен од луѓето и прашината од другите континенти, пренесува Си-Ен-Ен.
Таму концентрацијата на воздухот е фантастична, но се стравува дека и ова парче на земјата може да биде контаминирано и загадено од кој ако не од луѓето.