Најдолгиот тунел на Балканот се наоѓа во Македонија: Импозантна должина

Буковиќ — железнички тунел под планината Буковиќ, на железничката линија Гостивар-Кичево, помеѓу селата Падалиште и Зајас.

Неговата должина изнесува 7.062 метри, со што тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, изграден во 1960-тите години.

Тунелот Буковиќ бил изграден во 1969 година од страна на белградската компанија „Тунелоградба“. За време на неговата изградба бил извонреден инженерско-градежен подвиг.

Тој е еден од десетте најдолги во Европа.

За жал, со замирањето на железничкиот сообраќај Скопје- Кичево, тунелот нема како поинаку да се види и доживее.