НАЈГОЛЕМАТА МИСТЕРИЈА НА Планетата: Кога ќе се најде неговиот гроб, светот ќе престане да постои
Кога починал најмоќниот владетел на светот, неговото тело е погребано од расплакани војници на тајна локација и тие ги убиле сите што ги сретнале на патот, за да не се открие тајната.
Кога бил погребан, на лице место сеубиени и војниците кои го носеле телото.
Кога Џингис Кан бил погребан во 1227 година, војниците со денови возеле илјадници коњи за да ги сокријат своите патеки со копита и да го збунат секој што сакал да го најде неговиот гроб.
Осум векови подоцна, никој сè уште не може да утврди каде е неговиот гроб.
Тој беше најголем љубовник во историјата и остави 15 милиони директни потомци!
Неговиот лик може да се најде на монголските банкноти, на етикетите со вотка, на таписерии, но разговорот и истрагата со цел откривање на неговиот гроб сè уште е табу тема.
Многумина Монголци се сметаат за негови „златни потомци“ и се сосема во право, бидејќи неодамнешните истражувања на ДНК покажаа дека Џингис Кан бил најплодниот предок, чии гени ги носат 0,5 проценти од светската популација! Во Монголија, осум проценти или 16 милиони луѓе ги носататнеговите ипсилун хромозом.
Кога ќе се најде гробот, светот ќе престане да постои.
Интересно е и тоа што и самите потомци не сакаат да се најде гробот на Кан, затоа што веруваат во легендата дека кога тоа ќе се случи, светот ќе престане да постои.
Уште потешко е да се заклучи зошто починал во шестата деценија, затоа што кружат разни приказни: маларија, паѓање од коњ, тангутска клетва… Едно е сигурно - тој го сторил пренесувањето на власта мудро, додека бил сè уште жив, така што неговите наследници владееле еден век по неговата смрт .
Според легендата, Џингис Кан бил погребан на врвот на планината Кенти, источно од Уланбатар. Оваа планина е под заштита на УНЕСКО и ископувањата се забранети.
Дроновите навистина утврдиле дека постои човечка структура покриена со вегетација, која исто така се споменува во легенда.
Родното место на трите реки е една од можните локации.
Секо јпат кога научниците биле блиску до откривање на неговиот гроб, се случувало нешто. Последен пат тоа се случи во 1990 година, кога комунистичката влада беше мирно соборена во Монголија.
Според една теорија, неговиот гроб се наоѓа во неговиот роден град Хенти, преку кој течат три реки: Онон, Керлан и Тул. Проектот за откривање на гробниците е исто така наречен Гурван гол, што значи три реки.
Научниците во моментот се најблиску до теоријата дека тој бил погребан на старите гробишта на кралевите Јионгну во централната монголска провинција Аркангаи.
Сепак, постои и теорија дека гробницата е откриена 30 години по закопувањето и ограбена.
И Тамерлајн го криеше гробот
Советските археолози го пронашле и отвориле гробот на Тамерлејн во 1941 година, но престанале со истражувањето поради германската инвазија.
Се уште не се знае точно каде е гробот. А ова многу потсетува на уште еден таков гроб, можеби многу позначаен. Гробот на Александар Македонски. И двата гроба ако се пронајдат, ќе ја сменат целосно историјата каква што ја знаеме.