Најголемиот брод во Македонија: Чини неверојатни 2 милиони евра
Сепак, постои еден брод кој не плови, а е најголем во земјава и е поставен на најмалото езеро во Македонија- езерото Младост кај Велес.
Бродот „Панини“ се градеше скоро 7 години. Со неговите димензии се одвојува од целината на питомиот езерски предел, долг е 56, широк 10 и висок 8,5 метри, тежок 560 тони и има 2000 метри квадратни корисна површина под кров.
Спаѓа во категоријата на туристички јахти и тој е најголем во Македонија, а се верува и на Балканот, за езерата.
Панини“ е изграден на три нивоа, во потпалубата се кабаре и пивница, на палубата слаткарница и кафе додека натпалубата е намената за 14 апартмани. Има и летна тераса за 300 гости, бизнис сала за семинари со 120 седишта и ресторан за 500 гости.
Бродот не плови по езерото, туку е укотвен покрај брегот. До него се стигнува преку понтонски мост долг 30 метри. Бродот е граден на суво, за потоа да биде спуштен во водата, а го граделе 24 подизведувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Германија. Колку внимание е посветено на работата, покажува фактот што тој 16 пати е префарбуван, поради заштита од корозија.
Се претпоставува дека за неговата изградба се потрешени дури 2 милиони долари.
Ова здание е секојдневно посетувано од туристи и е вистинска атракција, не само во земјава, туку и од гости од странство.
Фото: Booking