„НАЈМАЛАТА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ“ е помала дури и од Ватикан и има ЕДЕН ЖИТЕЛ: Нејзиното потекло е ФАСЦИНАТНО - лукав поединец ГО ИЗМАМИЛ ВРВОТ НА БРИТАНСКАТА ВЛАСТ и станал принц
Ја нарекуваат најмалата земја на светот, а уште пофасцинантно е што е целосно човечка креација. Приода немаше никаква улога во нејзиното формирање. Официјално, има еден жител - сегашниот принц Мајкл, кој дури и не живее на нејзина територија, туку во блиската Велика Британија. Во прашање е таканареченото Кнежевство „Силенд“, што во превод би значело „копно во морето“, а кое се состои од железна конструкција наречена „Тешка кула“.
Неговото потекло е поврзано со Втората светска војна, кога британската влада изгради неколку тврдини во Северното Море за да ги брани своите брегови од германските вооружени сили и бомбардери. Некои од овие инсталации биле подигнати нелегално во меѓународни води и биле лоцирани долж источниот брег на Англија, на работ на британската јурисдикција во океаните. Иако се нарекува најмала земја во светот, таа не е призната во вистинска смисла, туку е микронација - мал територијален ентитет кој се декларира како суверена држава, иако не е призната од меѓународните тела.
Една од овие тврдини во Северното Море, составена од бетонска и челична конструкција, сега е надалеку познатата како „Тешка кула“. За разлика од првичниот план да се изгради во рамките на суверена територија на Велика Британија, тврдината била изградена на 7 наутички милји од брегот, што е повеќе од двојно од тогаш меѓународно прифатените територијални води од 3 милји. Накратко, овој вештачки остров е изграден незаконски, но под вонредни околности, сите ограничувања беа игнорирани.
По завршувањето на војната, поморскиот персонал и маринците беа повлечени од овие гломазни утврдувања. Обединетото Кралство никогаш повеќе не се заинтересирало за своите нелегални креации, а освен „Тешката кула“, повеќето други биле урнати.
И во тој момент еден човек ја виде својата шанса да создаде своја држава преку „дупки во законот“. Од правен аспект - кулата претставувала ненационална територија.
Од радио станицата до Кнежевството
Во раните 60-ти, Рој Бејтс, мајор во британската армија, основал радио станица лоцирана во друга напуштена поморска тврдина.
Станицата на Рој „Радио Есекс“ и други слични во медиумите беа познати како „пиратски“ радио станици, а британската јавност многу ги сакаше, бидејќи тие снабдуваа се што тогаш не го снабдуваше Би-Би-Си.
Меѓутоа, во годините што следеа, Рој водел неуспешна правна битка со британската влада, што ја доведе во прашање законитоста на неговата окупација на споменатата тврдина. Пресудено е просторот од кој се емитува програмата да е во надлежност на Обединетото Кралство, па го срушија, но Рој најде „дупка“ во законодавството, па денеска се пресели во многу попознатата „Тешка кула“.
Sealand is a tiny country located in the North Sea, about 12 miles off the coast of England.
— Fascinating (@fasc1nate) October 5, 2024
It is considered the smallest country in the world, which once had a population of 50 people.
Sealand was created in 1967 by Paddy Roy Bates, who declared it an independent… pic.twitter.com/PfAYnwRzM8
Прогласена држава во „Ничија земја“
Таа беше надвор од границата од три милји до која се протега јурисдикцијата на Обединетото Кралство. По консултација со своите адвокати, Рој одлучил да ја прогласи оваа тврдина за независна држава „Силенд“ во делот од светот кој бил познат како „Тера Нулиус“, односно „Ничија земја“.
На 2 септември 1967 година, придружуван од сопругата Џоан, синот Мајкл (14), ќерката Пенелопе (16) и неколку пријатели и следбеници, Рој го прогласил Кнежевството „Силенд“. Основањето на оваа земја беше обележано со подигнување на ново дизајнирано знаме и доделување нова титула на сопругата, која отсега ќе биде позната како „Принцезата Џоан“.
Набргу по самопрогласувањето независност, синот на Рој, принцот Мајкл, одби дури седум обиди за вооружена инвазија, користејќи арсенал оружје, молотови коктели и проектили. До крајот на 1968 година, Силенд се бореше за опстанок на неколку фронтови бидејќи британската влада стана свесна за потенцијалните проблеми поврзани со новата земја на седум милји од нејзиниот брег.
Принцот Мајкл, кој сè уште беше британски државјанин, по враќањето во Британија беше обвинет за тешки кривични дела и беше повикан на суд. Резултатот од оваа тужба беше значаен за барањето за суверенитет. Во својата пресуда од 25 ноември 1968 година, судот истакна дека нема јурисдикција во случајот на Рој и Мајкл Бејтс, бидејќи нема јурисдикција надвор од британската територија. Ова беше прво признавање на Кнежевството Силенд. Британскиот закон пресуди дека „Силенд“ не бил дел од
Обединетото Кралство, и бидејќи ниту една друга нација не полагаше право на територијата, дефакто е потврдена декларацијата на принцот Рој за нова држава.
„Силенд“ има знаме, химна, валута и поштенска марка
Со текот на времето, беа развиени и други национални симболи, како што се националната химна, поштенски марки, златни и сребрени монети. Пасошите на Кнежевството Силенд беа создадени и издадени на оние кои придонесоа за неговото формирање и продолжување на постоењето.
Денес „Силенд“ се натпреварува на меѓународно ниво во се поголем број спортови.
Принцот Мајкл живее со синовите Џејмс и Лијам во Сафолк, кој е на 12 километри од „Тешката кула“.
Фото: Профимедиа