Најмалку 32 пациенти починати во болницата во Газа: Израел им нуди гориво- ОДБИВААТ
Најмалку 32 болнички пациенти од болницата Ал Шифа во Газа починале во изминатите три дена, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.
Меѓу загинатите има и три предвремено родени бебиња, рече Ашраф ал Кидра.
Операциите во болничкиот комплекс, најголемиот во палестинската енклава, беа прекинати во саботата откако остана без гориво за неговите генератори, што значи дека не може да работи опремата за спасување животи, како што се инкубаторите.
Израел рече дека оставил 300 литри гориво во близина на болницата, но Хамас го одби - иако претходно Ал Кидра рече дека 300 литри ќе ја одржат болницата само половина час.
Тој за Ројтерс изјави дека се потребни 8.000 до 10.000 литри дневно и рече дека треба да бидат доставени од Црвениот крст или друга агенција за помош.
Друга болница во градот Газа, Ал Кудс, вчера беше принудена да se затвори бидејќи остана без гориво.
Палестинската Црвена полумесечина, која управува со објектот, соопшти дека израелските сили се стационирани во близина и дека се прават подготовки за евакуација на 6.000 пациенти, медицински лица и раселени лица.