Најморбидното место на светот се наоѓа во Чешка: Однадвор изгледа како обична црква, а внатре се крие ужасна тајна (ВИДЕО)
Иако однадвор изгледа како обична црква, овој објект крие внатре страшна тајна! Малата капела лоцирана покрај прекрасната Римокатоличка црква на сите светци на гробиштата на периферијата на градот Кутна Хора во централна Бохемија е сè друго освен обична!
Позната и како „Црква на черепот“, оваа необична градба е украсена со остатоци од меѓу 40 000 и 70 000 луѓе кои починале во средниот век.
Телата на луѓето кои ќе станат бизарна декорација на оваа црква се земени од локалните гробишта, распарчени и лишени од меките ткива. Коските потоа се обелуваат, а потоа се редат за да се формираат разни предмети во зградата - грбови, решетки, огромни лустери, распетии…
Појава
Локалните гробишта во Кутна Хора веројатно немаше да се разликуваат од стотици други во чешките земји да не беше извесен монах Хенри, кој беше испратен во Светата земја во 1278 година.
Легендата вели дека кога се вратил од Ерусалим, тој со себе донел малку земја од Голгота - местото каде што бил распнат Исус Христос, и го распрснал на сите гробишта. Не поминало долго време а луѓето од цела Централна Европа сакале да бидат погребани таму.
За време на големата епидемија на чума во 1318 година и по хуситските војни во 15 век, гробиштата се преполниле. Решението се најде во изградбата на црква и капела што би служела како масовна гробница за одамна мртвите чии коски почнале да се изместуваат таму, што создало нови гробни места.
Работата на украсување му беше доделена на столарот Франтишек Ринт, кој ги распоредил коските во пирамиди, свеќници, голем грб и бројни други форми.
Не е познато што го натерало да го „украси“ местото на овој начин, и дали резултатот е пофасцинантен или плашлив, проценете сами.
FOTO: WIKIPEDIA