Насреде Тихиот океан се наоѓа „пустина“, а сега се знае што ја населува
Јужно пацифичкиот вител е една од петте големи океански струења на нашата планета и се наоѓа, како што подразбира и името, во јужниот дел на Тихиот Океан. Ова е местото каде што се наоѓа Точката Немо, односно океанскиот пол на недостапност, најдалечната точка од копното на Земјата. Овој океански простор е различен од околината и е познат и како „гробишта на вселенски летала“.
До неодамна, научниците немаа јасна слика за животот што живее во овие мистериозни води, кои зафаќаат 10 проценти од површината на Земјата. Вителот во Југо Пацифик, од таа причина, секогаш се сметаше за пустина во однос на морската биологија.
И покрај неговата отцепеност, животот преживува таму. Причините за недостиг на екосистем се многубројни и вклучуваат растојание од хранливите материи што ги обезбедува земјата, начинот на кој циркулацијата на водата го изолира центарот на вителот од остатокот на океанот, како и високи нивоа на УВ зраци.
Истражувањето на оваа океанска пустина е многу предизвикувачки потфат, и заради неговата оддалеченост и големината на просторот што го зафаќа - 37 милиони квадратни километри.
И покрај овие предизвици, научниците неодамна беа во можност да погледнат во микробиолошкиот состав на тамошните води.
Екипажот, предводен од истражувачи од Институтот Макс Планк за морска микробиологија во Бремен, Германија, замина пред неколку години на шестнеделна експедиција што се протегаше од Чиле до Нов Зеланд. Благодарение на напорите на истражувачите во Институтот, микробиолошките податоци беа собрани на длабочина од пет километри.
Наодите потврдија дека бројот на микроорганизми на површината на Јужниот Пацифик е три пати помал од бројот во атлетскиот вител.
„Ова е веројатно најмалата количина живи ќелии досега измерени на површината на океанот“, вели Бернхард Фукс, микробиолог и еколог чиј тим извршува тестови на собраните примероци, раскажува Science Alert.
Меѓу пронајдените микроби се САР11, СР116, САР86 и Прохлорококуси, кои живеат во други океани, додека бактериите од групата АЕГЕАН-169 се откриени на пониска длабочина од претходно познатите. Но, пронајдоа и организми кои се релативно непознти на науката, па сега следат облемни истражувања.