Науката открива: Какви се луѓето кои купуваа залихи на тоалетна хартија
За купувањето на големите количини на толетна хартија за време на пандемијата на коронавирус се пишуваше многу низ порталите, а за тоа пишуваше и Женски магазин.
Затоа не е изненадувачки што група научници решиле да ги испитаат карактеристиките на луѓето кои покажале вакво однесување и истите соработувале со научниците и биле подложени на испитување.
Комбинираниот швајцарско-германски тим за истражување ги објави резултатите пред два дена, на 12 јуни 2020 година.
Се покажало дека најчестата паралела била степенот на загриженост од коронавирусот и набавка на тоалетна хартија во огромни количини. Значи, колку е поголема загриженоста, толку е пообемно купувањето.
Подеталната анализа покажала дека овие луѓе обично биле многу склони кон грижи и почесто страдале од вознемиреност.
Исто така, купувањето на овие големи количини било регистрирано повеќе во Америка отколку во Европа.
Меѓу купувачите биле повеќе постари од помлади лица, а кога станувало збор за психолошки карактеристики, залихите ги правеле оние со изразен организациски дух, но и перфекционизам и претпазливост.
Сепак, и покрај сите овие податоци, истражувачите посочуваат дека тие опфаќаат само 12 проценти од варијаблите, така што феноменот на акумулирање на залихи од тоалетна хартија сè уште останува нејасен.
Извор:lepaisrecna.rs
Фото: Shutterstock