Не е за оние со слабо срце: Ако смеете да пливате во овој базен, заслужувате награда!
- 22 Јули, 2020
Турски архитект дизајнирал хотел кој и ’ пркоси на гравитацијата. Хотелот виси на работ на карпа во Норвешка, но тоа не е најстрашно. Исто така, има и базен со стакло дно.
Хотелот, кој дефинитивно не е за оние со слабо срце, треба да биде вграден во Прекистолен, карпа во јужна Норвешка која стана популарна туристичка атракција.
Хаџи Атак го дизајнираше предложениот концепт на хотел со базен со проѕирно дно што стои прилепен на карпа. Овој хотел, кој сè уште не добил одобрение за градење, би имал поглед на фјордот Лисефјорден.
Во рамките на хотелот ќе има голема платформа која се издига од врвот од карпа над три ката со соби за гости - сите со испакнати балкони. Под нов би се наоѓал базен, кој на пливачите би им давал зачудувачки поглед на фјордот.