Не издржа, Ким Кардашијан јавно проговори: Мојот сопруг има биполарно растројство
Најпознатата светска старлета Ким Кардашијан, сопругата на Канје Вест, кандидат за претседател на Америка, по повод неговите испади во јавноста и „солени“ твитови за неа и семејството, се огласи во јавноста и вели:
„Оние кои ги разбираат менталните болести или компулсивното однесување знаат дека семејството е беспомошно освен ако не се работи за малолетник. Знам дека Канје е предмет на критика затоа што тој е јавна личност и неговите постапки предизвикуваат силни емоции и мисли. Тој е генијален, но комплициран човек кој заедно со притисокот да се биде уметник со темна кожа, чувствува болка поради губењето на својата мајка, односно се справува со притисокот на изолацијата, засилено со неговото биполарно растројство. Оние блиски до него ја знаат неговата душа и сфаќаат дека неговите зборови понекогаш не одговараат на неговите намери“, напиша Ким.
„Многумина од вас знаат дека Канје има биполарно растројство. Секој што се бори со него или има блиска личност што се бори, знае колку е неверојатно комплицирано и болно. Никогаш не сум зборувала јавно за тоа како тоа влијае врз нас, бидејќи сакам да ги заштитам нашите деца и правото на приватност на Канје кога станува збор за неговото здравје. Денес чувствувам дека морам да коментирам затоа што има стигма и недоразбирање на менталната болест“, посочи таа.