Маската не е моден додаток па да ја носите кога ќе ви текне. Маската е задолжителна ако сакате да се одбраните од коронавирусот, но и од плаќање на казна.
Во последните 24 часа во Македноија се казнети се 624 лица поради неносење на маски . Полицијата соопштува дека казнува и лица кои не носат маски во автомобил, а немаат иста адреса на живеење.
Што се донсува до Скопје пак, беа казнети 26 лица кои во возилата биле затекнати без заштитна маска на лицето, иако биле заедно со лица кои не се членови на семејство, односно не се лица кои живеат на иста адреса.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19