НЕ ПОТКЛЕКНУВА: Русија планира да започне со производство на вакцини против коронавирус во септември
РУСИЈА планира да започне со производство на вакцината против „ковид-19“ во септември по завршувањето на клиничките испитувања во јули, потврдата за вакцината да се добие во август.
Вакцината во моментот е клинички тестирана на волонтери, рече вицепремиерката Татјана Голикова, јави државната новинска агенција ТАСС.
Во мај, Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија Гамалеја објави дека развила вакцина против коронавирус. Вакцината нема никакви несакани ефекти, според директорот на институтот Александар Гинзбург. Научниците на институтот ја тестирале вакцината врз животни, а потоа и на нив, рече тој.
Путин побара вакцината да се развие што е можно поскоро
Студијата за вакцината сè уште не е објавена и засега нема независна потврда за тврдењата на научниците или членовите на владата. Производството на вакцини обично трае неколку години.
Вакцината моментално ја тестира руската војска врз 50 доброволци, во воено-истражувачки центар во московскиот регион. Тестирањето треба да заврши до крајот на јули.
Седум истражувачки институти во моментов работат самостојно во Русија за да ја пронајдат вакцината, а три од нив ветуваат, рече Голикова.
Рускиот претседател Владимир Путин побара руската вакцина да се развие што е можно поскоро. Тој нареди деноноќно да се истражува лек или вакцина која би можела да биде што поскоро достапна.
Оваа земја е една од петте на светот во која има најголем број на заразени. А и таму коронавирусот не се смирува и бројките од ден на ден растат.
До сега, има потврдено 520 илјади заразени со коронавирус, се излекувале 275 илјади, а починале 6.829.