НЕ СТЕ СВЕСНИ ШТО МОЖЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ АКО СЕДИТЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 МИНУТИ НА ТОАЛЕТНАТА ШОЛЈА
Доктор Каран Рајан на социјалната мрежа TickTock објасни колку може да биде опасно долго седење на тоалет, а тука не треба да поминуваме повеќе од десет минути бидејќи во спротивно може да следат компликации.
Тоа може да предизвика истегнување на аналните јастучиња, на кои се наоѓаат крвните садови, што дополнително доведува до оток и појава на хемороиди – вели Рајан.
- Обидете се да не поминувате повеќе од десет минути во просек седејќи во тоалетот. Гравитацијата не е ваш пријател. Колку подолго седите на шолјата, толку повеќе крв стигнува до ректалните крвни садови, предизвикувајќи хемороиди - додава докторот.
Неговиот следен совет е да внесувате доволно влакна преку храната, бидејќи тоа ќе помогне при редовно и лесно празнење на цревата.
Хемороидите се појавуваат како многу болни мали израстоци кои можат да создадат големи проблеми, особено за време на испуштањето. За да избегнете формирање на хемороиди, во секој случај, јадете што повеќе храна што содржи растителни влакна и пијте течности, така ќе ја држите столицата под контрола.
Ќе ги надоместите влакната со јадење овесна каша за појадок или едноставно не ја отстранувајте кората од овошјето пред јадење, туку само добро измијте го
Фото: Profimedia