Не учествувам во лов на вештерки: Се огласи Биковиќ откако потпиша Лечиќ да не биде дел од претставата

Денес Бранислав Лечиќ беше на распит и поминал детектор на лаги во врска со случајот за кој актерката Даниела Штајнфелд го обвинува за силување. 

Иако и тој имаше свое обраќање до јавноста во кое тврди дека тоа што Даниела го зборува е лага, сепак голем дел од јавноста во Србија ја поддржа актерката и застана на нејзина страна.

По тој повод, откако Драмски театар од Белград испрати изјава дека актерот Бранислав Лечиќ ќе биде исклучен од претставата „Кога тикви цветаа“ поради обвинувања дека ја силувал својата колешка Даниела Штајнфелд, се огласи и Милош Биковиќ, кој исто така е дел од оваа претстава.

Имено, Биковиќ ја поддржа иницијативата Лечиќ да не биде дел од оваа претстава се додека не се реши моменталната состојба, а сега актерот јавно го кажа својот став.

- Ја почитувам пресумпцијата на невиност. Јас не учествувам во лов на вештерки. Јас не се ставам во позиција на судија. Јавноста, а со тоа и театарскиот ансамбл е вознемирен. Затоа, за да ја заштитам претставата што исто така се занимава со тематиката силување, ја поддржав иницијативата Бранислав Лечиќ да не биде дел од претставата се' додека официјално не се реши моменталната состојба - напиша Биковиќ на својот Инстаграм профил.

Освен Биковиќ, свој потпис дадоа и неговите 16 колеги, а меѓу нив е и Миодраг Радоњиќ, кој проговори за новонастанатата ситуација.

извор:24sedam.rs