Немаше поим што има дома: На ѕидот чуваше „безначајна икона“, а сега благодарение на неа ќе стане МИЛИОНЕРКА
Ремек-дело кое се припишува на италијанскиот сликар Химабуе
од 13 век е пронајдено во кујната на Французинка и се очекува да биде продадено
за неколку милиони евра на претстојната аукција.
Наречена „Се потсмеваат на Христос“, мала дрвена слика го прикажува Исус опкружен со толпа луѓе.
Експертите сметаат дека тоа е дел од поголем диптих што Chimabue (Чимабу) го насликал околу 1280 година, пренесува АП.
„Тоа е огромно откритие за историјата на уметноста“, рече Стефан Пинта, експерт од галеријата „Тркин“ во Париз, за сликата со димензии 24 на 20 сантиметри.
Сè до неодамна, сликата беше закачена на ѕидот помеѓу кујната и трпезаријата на една куќа.
„Сопственичката сметаше дека станува збор за безначајна икона се додека еден аукционер не ја забележал сликата додека тој бил во нејзината куќа и и предложи да биде испитана од експерти“, објасни Пинта.
Тој додаде дека експертите „со сигурност утврдиле“ дека сликата има карактеристики на делото на Чимабу.
Тие забележале јасни сличности со два панели од неговиот диптих, од кои едната е изложена во галеријата Фрик во Њујорк, а другата во Националната галерија во Лондон.
Сличноста во изразите на лицето и зградите што ги насликал уметникот и техниката со која ги нагласил светлината и растојанието, особено укажуваат дека ова е дело на Чимабуе.
„Она што се движи на оваа слика се движењата на Христос“, рече Пинта.
Сликата ќе биде првото ремек-дело на Чимабуе продадено на аукција, кога ќе се појави на продажба во аукциската куќа Актеон, северно од Париз, на 27 октомври.
Експертите на Тркин очекуваат дека голем музеј ќе го купи делото по цена од четири до шест милиони евра.
Чимабуе, кој бил учител на италијанскиот мајстор Џото, се смета за основач на италијанската ренесанса.
Тој го напушти византискиот стил популарен во средниот век и воведе елементи на движење и перспектива што станаа карактеристични за западното сликарство.
Фото: AP Photo/Michel Euler