Немилосрдно ја ширеше болеста: Зарази многу богати, па ја ставија во доживотен карантин (ВИДЕО)

фото:Youtube printscreen/Weird History

Мери Мелон, наречена „Тифусна Мери“, е најпозната како „нула пациентка“, која беше одговорна за поттикнување на епидемијата на тифусна треска во Њујорк во 1906 година.

По потекло од Ирска, Мелон емигрирала во САД, каде работела за богатите како готвачка. По бројните случаи на тифус меѓу членовите на богати семејства во Њујорк, лекарите утврдиле дека изворот на болеста е Мери, поради што таа воедно била и првата личност во САД, идентификувана како асимптоматска носителка на болеста.

Се верува дека Мери заразила 53 лица со тифусна треска, од кои тројца починале.

Таа беше здрав носител - лице кое ја носи бактеријата, но нема никакви симптоми на болеста, па полесно е да пренесе инфекција на други.

Постојат сè поголеми докази дека некои луѓе се поефикасни од другите кога станува збор за ширење на вирусот, а случајот со Мери Мелон е првиот регистриран случај на такво лице, кое исто така се нарекува супер-носач.

Во тоа време, неколку илјади жители во Њујорк беа заразени со тифус, а стапката на смртност беше десет проценти.

И поимот „нула пациент“ носи стигма. Бројни лекари се против идентификување на првиот документиран случај на инфекција, бидејќи се плашат дека тоа може да резултира со дезинформација за болеста или дури и виктимизација на одредена личност.


Мери Мелон беше ставена во доживотен карантин на 27 март 1915 година.

Таа беше ставена во карантин на остров, среде реката Ист Ривер во Њујорк, недалеку од Бронкс.

Мери преживеала карантин повеќе од 23 години. Таа почина на 69-годишна возраст, не од тифус, туку од пневмонија. За време на нејзиниот престој во карантин, таа стана позната личност, па ја посетуваа и новинари (го доби прекарот „Тифусна Мери“. 

На новинарите дури им било забрането да земат чаша вода од неа.

извор:srbijadanas.com