Неверојатно: На ова отровно место се раѓа океан голем колку Атлантикот
Овој регион е местото каде се пронајдени најстарите човечки фосили и според некои палеонтолози е лулка на цивилизацијата.
Од двете страни на границата меѓу Етиопија и Ѓибути, опкружено со бесплодна пустина, се наоѓа езерото Абе. Тоа е едно од најневообичаените и најтешки за пристап водни сливови во светот.
Долго е 17 км и широко 19 км. Во него има толку многу сол што неговата вода е отровна. Ова големо алкално езеро може да изгледа како оаза, но неговата необична геологија го прави да изгледа повеќе како пејзаж од месечината.
Стотици џиновски оџаци од варовник се расфрлани наоколу, надвиснати над зелено-сините рамнини со сол. Нивната висина достигнува 50 метри. Овие зашилени кули често исфрлаат облаци со чад од сулфур во воздухот, создавајќи вонземјена глетка во една од најнегостопримливите области во Африка.
Уникатниот изглед на езерото е резултат на постојаното одвојување на тектонските плочи, што предизвикува земјината кора под езерото Абе постојано да се истенчува.
Геолозите веруваат дека за околу 10 милиони години падината на оваа езеро ќе биде родно место на нов океан.
извор: pochivkablitz.bg