Никој не открил дека три месеци живее во еден од најпрометните аеродроми во светот

Човек од Калифорнија, кој според неколку извештаи „се плашел да замине дома поради ковид“, живеел на аеродромот О Харе во Чикаго три месеци.

33-годишниот Адитија Удаи Синг е уапсен во саботата наутро и обвинет за погрешно претставување во ограничена област на аеродромот и кражба на помалку од 500 американски долари, потврди за Си-ен-ен и полицискиот оддел во Чикаго.

Синг се појави на суд во неделата, а според „Чикаго трибјун“, обвинителството соопшти дека тој пристигнал на аеродромот во Лос Анџелес уште на 19 октомври. Тој наводно живеел таму неоткриен сè до апсењето на 16 јануари.

Синг, наводно, бил лишен од слобода откако двајца вработени на „Јунајтед ерлајнс“ му пришле за да го идентификуваат. Но тој тогаш им ја покажал аеродромската картичка која му припаѓала на менаџерот за операции кој ја пријавил за исчезната кон крајот на октомври.

Нема криминално потекло

Помошникот на јавниот обвинител Кетлин Хагерти пред судот изјави дека Синг тврди дека „се плаши да си оди дома поради короната“ и дека другите патници му обезбедувале храна. Невообичаени околности на случајот ја изненадија и судијката Сузана Ортиз.

Синг е жител на предградие на Лос Анџелес и нема криминално потекло. Му беше дадена кауција од 1.000 долари, под услов да не влегува повторно во аеродромот О’Хере и да се врати на суд на 27 јануари.

Аеродромот О Харе е еден од најпрометните аеродроми во светот за полетувања и слетувања, со бројот на патници пред пандемијата од 84,6 милиони годишно, пишува Си-Ен-Ен.