Ниту еден заболен? Кои земји не пријавиле случаи на коронавирус?
Коронавирусот е означен како пандемија, но неколку земји сè уште немаат пријавено случаи.
Во декември 2019 година, коронавирусот навидум беше ограничен на Кина. Но, неколку недели подоцна, вирусот, кој предизвикува болест позната како КОВИД-19, стана глобална пандемија.
Вирусот, кој доведува до респираторно заболување што може да се пренесе од капки телесни течности - како што се слуз и плунка, сега е пријавен во најмалку 188 држави.
Научниците, здравствените службеници и владите ширум светот ги охрабруваа граѓаните да практикуваат физичко растојание и да избегнуваат излегување, освен ако не е потребно.
Според податоците собрани од универзитетот Џон Хопкинс, заразени се повеќе од 14,9 милиони луѓе, а глобалниот број на починати е повеќе од 616,000. Повеќе од 8,4 милиони пациенти се опоравиле.
Еве неколку земји кои досега не пријавиле никакви случаи на коронавирус:
Кириби
Маршалски Острови
Микронезија
Науру
Северна Кореа
Палау
Самоа
Соломонски острови
Тонга
Туркменистан
Тувалу
Вануату