Од каде потекнува ножот на Тутанкамон (од вселената)?

Откако беше откриена недопрена на 6 ноември 1922 година, гробницата на фараонот- момчето Тутанкамон, стана неисцрпен извор на прашања, ама на повеќето научниците не можат да дадат конечен одговор.

Во гробницата се пронајдени околу 5.000 предмети. Некои од прашањата за овие објекти станаа вистински мистерии што ги копкаат - не само археолозите - туку и експерти во други области. Кога станува збор за железниот нож што бил врзан за ногата на фараонот, заинтересирани биле и астрономите. Зошто? Во златниот саркофаг на фараонот Тутанкамон, откриен е космички бодеж, направен од метеорско железо.


Постојат неколку теории за потеклото на легурата од која е направен овој бодеж

Прво треба да се забележи дека во тоа време беше невозможно да се најде железо на Земјата и дека процесот на добивање на овој метал ќе биде откриен векови подоцна. Местото каде што беше пронајден, заедно со самиот фараон, исто така зборува за тоа колку бил вреден и важен.

Некои веруваат дека тоа е нерѓосувачки челик што може да се добие само во вакуумски услови. Таа теорија е сосема неверојатна бидејќи тогашните Египќани не поседуваа таква технологија.

Истражувачите од Политехниката во Милано, Универзитетот во Пиза и Египетскиот музеј во Каиро користеа спектрометрија на флуоресцентна рентген снимка, неинвазивна техника која може да го открие молекуларниот состав на материјалите, и открија дека острицата на ножот содржи висок процент на никел и траги од кобалт, фосфор и други ретки материјали кои сугерираат дека оригиналниот материјал е од вонземско потекло. 

Составот на материјалот е многу сличен со специфичните метеорити во близина на Земјата. 

Истражувачката Даниела Комели вели: "Откриено е дека метеоритот, наречен Харга, има ист сооднос никел-кобалт како оној што се наоѓа во камата- ножот. Фрагменти од метеоритот се пронајдени во 2000 година во варовнички наоѓалишта во Мерса Матрух, пристаниште на околу 250 километри западно од Александрија “.

Оваа теорија е поткрепена со фактот дека Египќаните го нарекле железото „црн бакар од небото“.

Ако ова беше вистина, и ако железниот нож на фараонот беше од вонземско потекло - тоа ќе беше најцелосното објаснување што ќе ја потврди можната кристална структура на материјалот, која може да се добие само во вакуумски услови.

Додека научниците не се смират, мистериите продолжуваат да се множат и никој нема одговор...

Извор: National Geographic

Фото: Profimedia